Вуна 2
the expansion of Blog




[сабота, септември 30, 2006]

BusinessWeek: Best Of The Web

Најдоброто од вебот за 2006. Рангирања, осврти, рекапитулари.. [link]

[четврток, септември 14, 2006]

Муслиманската Aнархистичка Повелба

Муслиманската Aнархистичка Повелба изразува дека:

  • не постои бог освен Бог (Алах) и Мухамед е неговиот пророк и гласник;
  • целта на животот е да воспостави мирољубива врска со Него преку разбирање и дејствување според спознанието и откровението, причната, и Господовите знаци во Создавањето и човечкото срце;
  • таа цел бара целосна и срдечна посветеност на учењето, каде што тоа е слободно, свесно одбивајќи компромис со институционалната моќ во било која форма, било судска, религиозна, социјална, корпорациска или политичка;
  • таа цел бара активна потрага по правда со цел воспоставување на заедници и општества каде што слободниот духовен напредок не е загрозен од тиранија, сиромаштија и незнаење;
  • таквата цел бара сродство на сите народи кои се дефинираат како припадници на култури со Јудео-Христијанско-Исламско потекло во кое сите заедништва и различности се спознаени и разбрани, и несогласовуњето во било кој облик предизвикува дебата наместо поделба и сатира наместо исмевање.

Муслиманската Анархистичка Повелба одбива:

  • (постоење и владеење) на било каква фашистичка сила која се бори во името на единствена, апсолутна вистина; вклучително и патријахатот, империите, и капитализмот.

Линк до муслиманите анархисти
Боцевски - Исламска реформација

[недела, септември 10, 2006]

Анархизам во акција

Ова што следи е превод на второто поглавје од книгата на Еди Конлон - „Шпанската Граѓанска Војна“, под наслов Анархизам во акција.

Во прилог на овој мој мал труд, еве линк до извадокот од „Омаж на Каталонија“ од Џорџ Орвел на Македонската Марксистичка Архива.


Анархизам во Акција


(...) Анархизмот е идеологија која е најмалку разбрана. Константно се поистоветува со хаос и насилство. Ништо не би можело да биде подалеку од вистината. Анархистите веруваат во создавањето на бескласно општество. Тие се спроти капитализмот, кој е систем кој профитот целосно му го доделува на малцинството без обѕир кон потребите на огромното мнозинство. Тоа е систем базиран на експлоатација на работниците, систем кој неминовно предизвикува сиромаштија, глад и војни. Анархистите се спротиставуваат на власта во смисол на неприфаќање на „правото“ на било кое малцинство да има моќ над сите други. Тие се против Државата (владата, армијата, полицијата, судството) која е збир од институции чија цел е присилно наметнување на вољата на неколкумина над мнозинството.

Анархистите веруваат во класната борба, во која газдите и работниците немаат заеднички интерес; работништвото мора да се организира за да ја преземе контролата над општеството. Обичните работници се прилично способни за управување на општеството. Тоа може да се стори низ систем на работнички совети со масовна демократија која би била далеку повеќе рационална и ефикасна од постоечката. Анархистите се залагаат за слобода на индивидуата и се против секој вид на угнетување на расна, полова или сексуална основа. Единствената граница на личната слобода треба да биде таа да не ја загрозува слободата на останатите.

Уште од порано анархистите беа против изградбата на бирократска капиталистичка држава во Русија. Начелно тие ја поддржуваа револуцијата, но беа против обидите на Болшевиљците да ја узурпираат моќта во своите раце и да ја зачнат „партиската диктатура“. Анархистите се држат до тоа дека создавањетото на сопствената организација се рефлектира на општеството на кое се цели. Малцинствата не можат да ја ослободат работничката класа, работничката класа мора да се еманципира самата. Демократијата и одговорноста се камен-темелник на анархистичката организација. Директната акција е метод. Работниците имаат сила да го променат општеството сами, без да се потпираат на одредени групи на моќници. Таа сила е во нивната можност да се организираат на работното место, сила која треба да се употреби не само да извојуваат итни реформи од газдите, туку и евентуално да се отфрли целиот капиталистички систем. Ова верување е централно во анархизмот. Анархистите не сакаат единствено работниците да ја контролираат индустријата, тие се стремат кон општество каде сите односи поврзани со власт ќе бидат напуштени и луѓето нема да мора да трпат други да им ги управуваат животите.

Бакуњин

Анархизмот имаше, и сеуште има, долга традиција во Шпанија. Во средината на минатиот век, анархистичките идеи во Шпанија ги донесе Фанели, Италијанец и поддржувач на Михаил Бакуњин кој е еден од основачите на модерниот анархизам. Шпанскиот сектор во Првата Интернационала беше подготвен и мнозинството негови припадници застанаа на страната на анархистите во Интернационалата.

Анархизмот се рашири брзо поради тешките социо-економски состојби во кои се наоѓаа работниците и селаните. Работниците се` повеќе ги прифаќаа идеите на анархо-синдикализмот, кои се развиваа на преминот во 20 век. Во 1911 се оформи CNT. Синдикализмот се роди како реакција на реформизмот на постоечките синдикати и растечката изолација на анархистичките револуционери од масата работници. Тоа пак, се случуваше како резултат на свртувањето на одреден број анархисти кон тероризмот и propagande par le FAIt, верување дека масите можат да се иницираат кон револуција преку извршување ненадејни (насилни) акции (нешто налик „Гемиџиите“ и солунските атентати).

Синдикализмот беше обид за воспоставување на врска меѓу анархистичкото движење и работниците. Неговите основни идеи револуираа околу поврзувањето на сите работници во еден голем општ синдикат. Сите работници од една фабрика да се соединат. Тие се поврзуваат со другите работници од нивната област за потоа да се формира федерација на областите. Делегати од федерациите одат во регионалните федерации кои се обединети во национална федерација. Сите делегати се избрани и постои можност да бидат отповикани. Им се дава јасен мандат и ако отстапат од тоа ќе бидат заменети со други делегати.

Бирократија

Беше презеден секој чекор да се запре растењето на бирократијата. Постоеше само по еден службеник во сите CNT. Дејноста на синдикатите се вршеше додека траеше работното време кога беше возможно, во спротивно – по работата. Тоа овозможуваше службениците на синдикатите да останат во контакт со работниците. Стравот од бирократија беше таков што Индустриските Федерации со кои требаше да се припојат сите работилници од определени индустрии, наидуваа на жесток отпор. Иако беа признаени во 1931, никогаш не беа конечно завршени..

Синдикалистите (и синдикатите) се разликуваа од другите работнички унии поради нивната убеденост дека работничкото заедништво може да се искористи не само за да се изврши притисок кон нивните газди за спроведување реформи; тие веруваа дека синдикатите можат да го победат капитализмот. Според нив, би можеле да бидат булдожер кој капитализмот ќе го ничкоса на колена. Веруваа дека причината поради која повеќето работнци не беа револуционери беше фактот што нивните сојузи беа реформистички настроини и во нив доминираше бирократија која ги опструираше иницијативите на работниците. Нивната алтернатива беше организирање на сите работници во еден синдикат и подготовки за револуционерниот генерален штрајк.

CNT забележа голем развој од нејзиното формирање и до почетокот на граѓанската војна имаше релиси два милиона членови. Главните упоришта им беа во Каталонија и Андалузија. Имаа голема поддршка и во Галиција, Астурија, Леванте, Сарагоза и Мадрид. Најсилни беа меѓу текстилците, градежниците и оние во дрвената индустрија, како и меѓу земјоделците. Поради „проповедите“ за социјална револуција беа изложени на пакосна репресија не само за време на полудиктатурата до 1931, но и за време на реформистичката влада потоа. „Народниот фронт“, поддржан од социјалдемократите и Сталинистите, беше уште еден нивен противник, притоа не покажувајќи било каква милост.

Аполитичност

CNT не беше револуционерна политичка организација, туку синдикат. Всушност, тие константно се држеа до нивната аполитичност и велеа дека нужната револуција единствено е во име на работниците; тие да ги завземат фабриките и земјатам, а потоа Државата и сите други политички институции би биле соборени – работничката класа не мора да ја узурпира моќта; за нив секој вид на моќ мораше да биде итно отфрлен.

Тоа беше така затоа што се работеше за синдикат на сите работници, без разлика на политичкаа убеденост. Многумина се приклучија, не заради тоа што беа анархисти, туку поради тоа што беше најмилитантното движење и всушност вроди со плод. За време на граѓанската војна нејзиното членство се зголеми повеќе од двојно (истото се случи и со UGT - Генералниот работнички сојуз), бар делумно поради обврската на секој работник да се вклучи во еден или друг синдикат.

Очигледно е дека CNT беше отворена и кон оние кои не беа анархисти. Имаше повеќе внатрешни разидувања, и се створи одреден наклон кон реформизмот.

Поради тоа беше оформена Федерацијата на Ибериските Анархисти (FAI) во 1927. Во главно се состоеше од мали сродни групи и не беше политичка организација во права смисла на зборот. Таа постоеше за да се осигура дека CNT ќе остане „чисто“ анархистичка. Успеа во тоа и многумина од Ибериските анархисти станаа водечки фигури во CNT. Останати анархистички организации кои постоеја за време на избувнувањето на граѓанската војна беа Ибериската Федерација на Слободарска Младина (FIJL) и Mujeres Libres (Слободни Жени).
Воопшто нема сомнеж дека иницијалната реакција на пучот на Франко беше детерминирана од фактот што CNT и нејзинити анархистички идеали земаа замав меѓу голем дел од работничката класа. Немаше време да се чека владата и министрите да реагираат, работниците ја презедоа контролата. Анархистичкото влијание се гледаше во формирањето војски, експропријацијата и реорганизацијата на земјата, и завземањето на индустријата.

Герилата

Владата се најде се најде во необична позиција по 9 јули. Иако сеуште претставуваше влада, не можеше да најде начин како да ја извршува власта. Армијата отворено се бунтуваше. Каде што бунтовниците беа победени, армијата беше распуштена, а оружјето заврши кај работниците. Синдикатите и левичарските групации веднаш почнаа да ги организираат вооружените работници. Беа формирани војски кои станаа засебни единици на револуционерната армија. Десет дена по пучот, веќе имаше 18,000 работници во војските во Каталонија. Повеќето од нив беа членови на CNT. Се` на се`, имаше околу 150,000 доброволци, спремни за борба на било кое боиште.

Тоа не беше конвенционална армија. Немаа униформи (носеа шалови околу вратовите за да се познаат кој на која единица и припаѓа), нити пак старешините имаа привилегии повеќе од обичните војници. Тоа беше револуционерна армија во која се спроведуваа револуционерните принципи. Демократијата значеше контрола. Основната единица беше групата, вообичаено составена од десетмина, кои си избираа делегат. Десет групи формираа a единица од сто, која исто така бираше делегат. Неколку такви единици формираа бригада, која имаше воен комитет одговорен за нејзините активности. Комитетот беше избран од и одговорен пред работниците. Во секоја бригада обично учествуваше и по некој бивш офицер од армијата на Шпанија колку да ги советува – но без никаква моќ.

Работниците се приклучуваа кон војските затоа што така самите избраа. Ја разбираа нужноста за борба и создавање на „народна армија“. Ја прифаќаа дисциплината; не поради тоа што некој ги беше принудил; туку ја разбираа потребата за координирано заедничко дејствување. Прифаќаа наредби бидејќи им веруваа на оние кои им ги даваа. Војските беа подредени во различни организации и често имаа сопствени гласила. Тоа беа политички организации кои ја разбираа врската меѓу револуционерната политика и војната. Војските од Барселона не губеа време; маршираа кон Арагон, каде главниот град Сарагоса, беше завземен од фашистите. Бригадата „Дурути“, именувана според еден од водечките борци на CNT, го предводеше овој марш и ја војуваа слободата, ослободувајќи го секое село. Целта беше да се ослободи Сарагоса која ја поврзуваше Каталонија со вториот индустриски регион - Баскија, која беше полна со ресурси и имаше развиена тешка индустрија и производство на оружје.

Бригадата „Дурути“ демонстрираше како треба да се бори против фашизмот. Тие знаеја дека граѓанската војна е и политички судир, не само вооружен конфликт. Како што нижеа победи на бојното поле, ги охрабруваа селаните да ги завземат земјопоседите и да ги колективизираат. Бригадата во тоа име им пружи соодветна одбрана. Затоа селаните ги поддржаа. Ги снабдуваа работниците-војници со храна, а голем број од нив земаа активен приклучок во војната. Всушност „Дурути“ и мораше да се задоволи со тоа што не сите можеа да им се приклучат за да не се запустат земјиштата, и за да се продолжи со колективизацијата.

На сметка на успесите на анархистичките чети на одредени фронтови, забележуваа порази на други. Сарагоса, сепак не беше заземена, и беше отворен подолготраен фронт. Како главна причина за тоа беше посочена навидум лошата тактика на војските. Сталинистите пакм ги обвинуваа рабодниците за нивната недисциплина и непочитување на наредбите. Ги обвинуваа анархистите за тоа што не покажувале доволно волја за соработка со останатите во име на победата над фашизмот.

Секако дека сите тие клевети беа бесмислени. Анархистите континуирано повикуваа на обединување на четите. Единствено бараа контролата над војската да остане во рацете на работничката класа. Не веруваа дека за да се воспостави единствена управа нужно беше да се обнови и стариот режим во војската, преку офицерската каста.

Главниот проблем на војската беше недостатокот на оружје. Беа отсечени и приливите на муниција; па затоа работниците во Барселона беа приморани да импровизираат. Џорџ Орвел (кој се бореше во четите на POUM) ја има опишано ситуацијата со оружјето на фронтон на Арагон. Според него, „пешадијата беше полошо вооружена дури и од „English public school Officers Training Corps“ (неадекватно за превод, м.з.), со истрошени Mauser-и кои после пет истрела се веќе неупотребливи; доаѓаше по еден автомат на педесетмина и по еден пиштол или револвер на триесетмина. Овие оружја, неопходни во рововски битки, не беа добиени од владата. (...) Влада која испраќа петнаесет-годишни момчиња на фронтот, вооружени со пушки стари четириесет години и ги чува најдобрите војници и најновите оружја во касарните манифестира поголем страв од револуцијата која подоцна би следела отколку од тековната војна со фашистите“.

Колку само беше во право. Британија покрена ембарго кое ја спречи трговијата со оружје со било која од завојуваните страни, но тоа не стапи на сила се` до средината на август. Владата која поседуваше 600,000,000 долари во злато, можеше да се снабди со оружје. Можеби дел од златото било пратено во Москва во замена за оружје, но кога тоа пристигна веќе постоеше одбивност тоа да им се додели на анархистите на Арагонскиот фронт. Оружјето кое пристигна беше пратено само онаму каде што се бореа сталинистичките трупи. Еден член на воената управа, коментира: „Забележав дека оружјето не беше дистрибуирано еднакво, при што се забележуваше значителна наклонетост (на Владата) кон припадниците на Петтиот Полк“. Токму тој полк беше под контрола на сталинистите. Кастиљските постројки за муниција, пак, кои беа зависни од федералната власт во поглед на финансиите, беа приморани да ги разделат мунициите онаму каде што од Владата им налагаше. Овие опструкции околку дистрибуцијата на оружјето беа главна стратегија на сталинистите и нивните сојузници во владата за да се скрши моќта на CNT. Комунистите сакаа да ги поткопаат војските, за да може да ја вратат на теренот регуларната армија.

Недостатокот од оружје не се рефлектираше само врз судбината на Арагон. Ирун исто така, падна поради немањето доволно оружје и муниција. Еден новинар тоа го опиша вака: „Се бореа до последниот шаржер. (се мисли на Ирунските работници) Кога им снема муниција фрлаа динамите. Кога им се истроши и динамитот, истрчаа кон шеесет пати појакиот непријател со голи раци... и беа дочекани на бајонетите.“ Во Астурија работниците беа прегазени во обид да го заземат Овиедо вооружени со нешто малку пушки и грубо изработени бомби од динамит. Иако молеа за пар авиони и артилерија, работниците беа одбиени – повторно стравот на Владата од работничката револуција надвладеја над желбата да се победат фашистите.

Огромна лага е дека „недисциплинираните“ работнички војски беа виновни за напредувањето на Франко. Сите кои ги видоа герилците во акција не реагираа никако на друг начин освен со восхит на храброста која тие ја демонстрираа на фронтовите. Всушност, Владата донесе (не)промислена одлука. Избра да ги „изгладнува за оружје“ работниците, бидејќи победата над револуцијата им се виде позначајна од победата над фашизмот.

Земјиштето

На селаните не требаше Дурути да им каже да ја заземат земјата. Тие се обидуваа да го сторат тоа уште од воспоставувањето на Републиката. Всушност, првата републичка Влада испрати војска да ги убие селаните кои ги имаа заземено посевите. За две години, 109 селани загинаа. Токму затоа во земјоделските краишта револуцијата беше најуспешна. Филозофијата на анархистите беше прифатена од многумина селани.

На Конгресот во 1936, CNT излезе со платформа, како анархистичкото општество би изгледало во иднина. Селанството ја искористи приликата за идеите да ги конкретизира и реализира во пракса. Нивните достигнувања покажаа што се` може да сторат работниците (многумина од нив неписмени!) во вистински услови. Тие докажаа дека се апсурдни тврдењата дека анархизмот е невозможен затоа што општеството би крахирало без сопственици на капиталот и власт која би ја спроведувала влада.

Колективизацијата на земјиштето беше екстензивна. Речиси 2/3 од земјата под републиканска контрола (анти-фашистичката зона) беше завземена. Вкупно, во процесот беа вклучени од пет до седум милиони селани. Главните области беа Арагон со 450 колективи, Левант (областа околу Валенсија) со 900 колективи и Кастиља (областа околу Мадрид) со 300 колективи. Не само што земјата беше колективизирана; туку беа и подигнати селски работилници во кои локалното население самостојно произведуваше орудија, мебел, и т.н. Пекарите, касапите, берберите и сите останати исто така решија да се колективизираат.

Мора да се напомене дека целиот процес на колективизацијата се одвиваше само на доброволна основа и токму според тоа се разликуваше од присилната „колективизација“ која Сталин ја спроведе во Русија. Обично, се свикуваше средба во селото, повеќето колективи беа сконцентрирани на определно село, и сите присутни расправаа околу „припојување“ на земјата, алатите или животните кои ги поседуваа. Притоа, се надополнуваа со она што беше одземено од големопоседниците. Земјиштето рационално се делеше на единици и на определни групи од земјоделци им се доделуваше задача да ги обработуваат. Секоја група имаше делегати кои ги репрезентираа на собирите на колективот. Се бираше и Комитет за управување кој беше одговорен за целокупното функционирање на колективот – Комитетот се грижеше за снабдувањето со материјали, размената со други колективи, дистрибуцијата на произведеното и неопходните јавни работи, како на пр. градењето училишта. Секој колектив одржуваше регуларни генерални состаноци.

Ако некој не сакаше да пристапи кон колективите, му беше доделувана малку земја – онолку колку што може сам да ја работи. Притоа, не смееше да ангажира работници. Но тоа не влијаеше само на производството – дистрибуцијата се раководеше главно од потребите на луѓето. Во многу реони беше напуштена употребата на парите. Луѓето доаѓаа до колективното складиште (често пати црквите беа пренаменувани во магацини и складови) и си земаа што им треба. Доколку постоеше недостиг од нешто, се спорведуваше „рационализирање“, како секој би добил оптимален дел. Но тоа („рационализирањето“ ) беше случај само кога новиот систем ги елеминираше недостатоците.

За земјоделците, револуцијата се случи во добро време. Жетвата сега не се собираше и продаваше за да се соберат профитите за неколкумината големопоседници - наместо тоа им се доделуваше на оние кои навистина им требаше. Докторите, берберите, итн. го добиваа она што им треба за возврат на нивните услуги. Онаму каде што парите не беа напуштени, беше воведена „семејна плата“, при што заработката беше на база на потребата, а не на работните часови.

Произвоството се зголеми. Техничарите и агрономите им помогнаа на селаните подобро да ја искористат земјата. Беа воведени нови методи и во некои области приносот се зголеми дури и за 50%. Тоа беше доволно за прехрана на членовите на колективите и војските во нивните области. Често пати имаше и вишок кој се користише за размена (за машини и сл.) со колективите во градовите.

Но, како и случајот со војските, и колективите беа клеветени. Се велеше дека секој колектив работи само за себе и не е солидарен со другите. Тоа беше апсолутна лага бидејќи во многу области постоеја фондови за релоцирање на богатството, од побогатите кон посиромашните. Секогаш машинеријата одеше онаму каде што беше најпотребна. Всушност, еден индикатор за осетот за солидарност е и фактот што 1,000 членови на на колкетивите од Левант, кои имаа беа навистина во добра положба, се преселија во Кастиља, се` со цел да им помогнат на тамошните колективи кои се соочуваа со многу неповолности.

Федерациите од колективи беа воспоставени, а најуспешна беше онаа во Арагон. Во јуни 1937 се одржа пленумот на Регионалните Федерации на Селаните. Неговата цел беше формирање на национална федерација „за кординација и проширување на колективистичкото движење и за да се осигура рамноправната дистрибуција на производството, ме само меѓу одредени колективи, туку во целата земја“. За несреќа, многу колективи беа разурнати, и тоа не од Франковата армија туку од војниците на сталинистичкиот генерал Листер, пред ова да може да се стори.

Колективистите не беа засегнати само со материјалната благосостојба. Тие беа длабоко посветени на едукацијата така што многу од селските деца за прв пат во животот добија услови за да можат да се образоваат за време на револуцијата. Тоа не беше обично школство. Беа применети методите на Франциско Ферер, светски познат анархист. Децата откако ги описменуваа, се стекнуваа со основните вештини и потоа се стимулираше нивната љубопитност. Колективистите се грижеа и за старците – беа изградени специјални установи за нив. Исто така, беа згрижени и бегалците од териториите окупирани од фашистите.

Индустријата

Револуцијата во градовите не одеше ни оддалеку добро како во селата, и многу од успесите беа залудни. Сепак, во Каталонија, срцето на индустријата и бастионот на CNT, највеќе добија. Во Барселона повеќе од 3,000 претпријатија беа колективизирани. Сите јавни сервиси, не само во Каталонија туку во целата Републиканска зона, беа завземени и предадени на комитети на работниците.

За да се има одредена престава за опсегот на колективизацијата еве еден цитат од Барнет Болотен, од „The Grand Camouflage“ која воопшто не е про-анархистичка книга. Тој вели „железниците, возовите и автобусите, такси возилата и бродовите, осветлувањето и енергетските компании, гасоводите и водоводите, инженерството и фабриките за автомобили, рудниците и цементарниците, фабриките за текстил и хартија, енергетските и хемиските концерни, стакларниците и парфимериите, прехрамбените погони и пиварите беа конфискувани и дадени под управа на работничките комитети“. Тој продолжува „кината и театрите, печатот, продавниците, стоковните куќи и хотелите, луксузните ресторани и баровите беа исто така конфискувани“.

Ова јасно покажува дека да се каже дека анархизмот е строго поврзан со „старински, мали, некапацитетни работилници“ е тотална лага. Големите фабрики, некои од нив со повеќе од илјада вработени, беа завземени и успешно раководени од работничките комитети.

Често пати индустриските објекти беа завземани од причина што сопствениците го намалуваа или целосно го стопираа производството за да ја саботираат револуцијата. Притоа, работниците не запираа се` додека поголемиот број значајни објекти не беа освоени. Некои беа под непосредна контрола на работниците. Кај другите, беа воспоставени „надзорни комитети“ за да се осигура производството (обично тие постоеја за да се има моќ на вето онаму каде што работниците ја немаа целосната контрола над објектите и со нив сеуште раководеа газдите).

Во секој индустриски објект, од време на време заседаваа работниците и тоа претставуваше основа на нивното функционирање и производството. Од работниците се бираа делегати кои ги расправаа секојдневните проблеми. Се` што беше од општо значење беше расправано на заседанијата. Таму се бираа комитети од 5-15 работници, кои бираа управник кој би ја надгледувал секојдневната работа во фабриката.

Секоја индустриска гранка си имаше свој Совет во кој имаше претставници од двата главни синдикати (CNT и UGT) и претставници од комитетите. Меѓу нив имаше и техничари, задолжени за техничка поддршка. Должноста на Индустриските Совети беше да изготват план за правецот во кој се развиваа одделните индустрии.

Сите плати беа изедначени и условите значително беа подобрени. Еве и конкретно, како колективизацијата беше корисна, преку примерот со трамваите. Од вкупно 7,000 работници, 6,500 беа членови на CNT. Поради битките по улиците, целиот транспорт беше спречен подолго време. Синдикатот назначи комисија од седуммина со цел да ја окупираат канцеларијата додека другите ги проценуваа штетите и изготвија план за обнова на железниците. Пет дена по борбите, 700 вагони, наместо 600 колку што беше вообичаено, сите обоени во црно и црвено (боите на CNT), започнаа да се движат по улиците на Барселона.

Со тоа што веќе профитот не беше мотив за работење, безбедноста доби поголем значај и затоа бројот на несреќи на работното место значително се намали. Цената на превозот се намали, а притоа тој доби на квалитет. Во 1936, 183,543,516 патници го имаа користено јавниот транспорт. Во 1937 бројката се зголеми за цели 50 милиони. Трамваите возеа толку ефективно така што остварливи беа и инвестициите во другите сектори на јавниот сообраќај. Платите пак, беа израмнети за сите работници, а просекот беше зголемен од претходните години. За прв пат беше достапа беспладна медицинска нега за работниот народ.

Напоредно со тоа што се зголеми ефикасноста, работниците имаа време и за производство на ракети и хаубиците за потребите на војските. Работеа прекувремено, а и во неделите за да ги исполнат своите должности во анти-фашистичката борба. Понатаму, мора да се подвлече дека отстранувањето на сопствениците и властодршците не донесе неред и беззаконие – за две години, колку што траеше колективизацијата, беа забележани само 6 случаи на кражба од страна на работниците.

Екстензивната реорганизација допринесе за зголемување на ефикасноста на производството. Многу неекономични мали погони беа затворени и производството се сконцетрира онаму каде што имаше најдобра опрема. Во Каталонија 70 објекти беа затворени. Бројот на работилниците за штавење кожа беше редуциран од 71 на 40, а целата дрвна индустрија беше реорганизирана од страна на Синдикатот на Дрвообработувачите на CNT.

Во 1937 Владата призна дека во Каталонија воената индустрија произвела десет пати повеќе од остатокот во цела Шпанија и дека произвотството може да се кватриплицира ако Каталоија има пристап до потребните финансии за купување суровини.

Но, не беше завеземено само индустриското производство. Многу паразитски посредници беа отсечени од дистрибуцијата. Целосната трговија со риба и јајца беше заземена како и пазарите за овошје и зеленчук. Млекопроизводството во Барселона откако беше колективизирано, се соочи со затварање на преку 70 нехигиенски погони за пастеризација. Насекаде беа поставени комитети за снабдување. Сето тоа, за средните класи беше навистина неприфатливо. За нив, и нивните аспирации за збогатување и стекнување со повисоки позиции, револуцијата беше чекор назад.

Повторно се воспоставија фондови за изедначување за помош на посиромашните колективи. Всушност, тие имаа повеќе проблеми. Многу пазари беа отсечени во фашистичката зона и некои странски пазари беа привремено изгубени. Суровините беа дефицитарни. Дури и кога можеше да се набават, фондовите беа опструирани од Владата. Тоа беше голем недостаток на колективизацијата.

Банките не беа освоени и златните резерви останаа во рацете на Владата. CNT имаше план и за тоа, но се повлече во последен момент.

Покрај тоа што производството беше зголемено, и животниот стандард на многу работници се подобри. Во октомври 1936, Владата беше приморана да ја признае колективизацијата со дектрет. Меѓутоа, тоа беше и обид да се воспостави контрола над идното колективизирање.
Општествена револуција
Ова е само кус осврт на колективизацијата која се случи. Според анархистичките определби, револуцијата не запре таму. За прв пат во Шпанија работниците имаа право на медицинска грижа – организирано од Федерацијата на здравствени работници при CNT. Во Федерацијата беа 40,000 здравственици - сестри, доктори, луѓе кои водеа евиденција и болничари. И овдека најголемиот успех беше во Каталонија, каде сите 2.5 милиони жители имаа на располагање бесплатна адекватна медицинска нега.

Не само што беа спроведувани стандардните услуги за населението, туку и жртвите од граѓанската војна беа исто така згрижени. Постоеше програма за превенција која беше спроведувана во локалните здравствени центри. На Конгресот во 1937 беше донесен и долгоречен план за идната анархистичка Шпанија кој ќе беше имплементиран доколку револуцијата беше успешна.

Улогата на жената исто така доби поголемо значење. За целото времетраење на граѓанската војна, тие целосно беа посветени на анти-фашистичкиот одбор. Беа застапени на секаде – во комитетите, војските, на фронтовите. Во битките беше забележливо дека жените се бореа рамо до рамо со мажите. Често пати се случуваше и жени да влетуваат како замена за мажите на фронтот.

Борејќи се на фронтовите заедно со мажите, тие беа рамноправни. Се организираа во секој колектив и се бореа против сексизмот кој, не е пожелен и својствен за ниту една револуција.
Анархистичката женска организација (Mujeres Libres – Слободни Жени), броеше околу 30,000 членови. Активна беше и пред војната, организирајќи ги жените работници и ширејќи пропаганда за средствата за контрацепција. За време на војната, абортусот беше легален во републиканската зона. Центрите беа отворени за сите жени, вклучувајќи ги и проститутките и немажените трудници.

Навистина се впечатливи промените на поле на родовата еднаквост.

„... сега сме навистина браќа и сестри. Отсекогаш ме иритираше дека мажите во оваа земја не ги сметаа жените за битија со свои човечки права. Но ова сега, е голема промена. Верувам дека произлезе спонтано од револуцијата“ – ова е цитат од Маргарита Балакер, од книгата „Крвта на Шпанија“, од Роналд Фрејзер.

Но, промените беа присутни насекаде. Целиот карактер на Барселона како град се смени. Луксузните ресторани веќе не постоеја. Колективните мензи го заземаа нивното место. Духот на братството се чувствуваше во воздухот.

Насекаде советите на работниците и селаните ја зазедоа администрацијата. Одбрамбениот совет на Арагон е еден од најсликовитите примери за тоа како тој систем функционираше. Тој управуваше со целата покраина и ги координираше работењето на колективите со војската. Сите антифашистички сили беа застапени во него, но мнозинството беа анархистите. Во Каталонија, Централниот комитет на антифашистичките војски беше формиран на 21 октомври. Од вкупно 15 членови, петмина беа анархисти, тројца беа од UGT, POUM имаше еден, Комунистичката партија истот ака еден и Републиканците четири. Иако на територијата на Каталонија анархистите беа далеку надмоќни над останатите, тие се надеваа дека преку поделбата на моќта ќе влијаат истото да се случи и во комитетите каде што CNT беше најслаба.

Така беше во 1936. Иако владата на Народниот Фронт сеуште постоеше, таа немаше никаква моќ на теренот. Таа беше потпрена на репресивните органи на државата. Моќта беше поделена на безброј фрагменти и распрсната низ илјадници градови и села, поделена меѓу револуционерните комитети кои имаа контрола над земјата и фабриките, сообраќајот и комуникациите, полицијата и армијата. Воената, економската и политичката борба се водеше независно од Владата и всушност против неа.

Таквата ситуација е позната како една од појавите на „дуална моќ“. Моќта на Владата беше преслаба за да ја предизвика моќта на работниците и селаните. А таа моќ не беше доволно свесна на потребата да дели со постоењето на Владата. Неуспехот да се стори тоа доведе до повраќање на моќта на државата. (...)

[петок, септември 08, 2006]

Шпанската револуција и Ирак

Во текстот насловен како 1936 and All That: Why the Spanish Civil War is like Iraq, and vice versa, Стивен Шварц прави паралела на граѓанската војна во Шпанија, и срањата во Ирак и Блискиот Исток кои сега се случуваат.

[...] analyst Ariel Cohen, writing in the Washington Times, compared pro-Hezbollah demonstrators in Washington to the "Fifth Column . . . the pro-fascist forces in Republican Madrid during the Spanish Civil War of the 1930s. Today's Fifth Column glorifies the global jihad against the West." [...]

[...] Spain, like Iraq, was a country without a firm national identity. In Spain, the Castilian aristocracy controlled the state, most of the tax income, the army, and the Catholic Church--the latter an ideological pillar of the old order. As if cast from an identical historical mold, Iraq long suffered under the corrupt and brutal rule of the Sunni elite, which used its clerical wing to help maintain its power.

Spanish entrepreneurship and economic development were most advanced in the Basque and Catalan regions, whose cultural affiliations with the Madrid monarchy were weakened. In corresponding fashion, the Iraqi Kurds have leaped far ahead in modernization, yet like the Basques and Catalans, they are culturally and linguistically distinct from, and resentful of, the Iraqi Arabs.

Spain in 1936 included a vast and turbulent mass of radical industrial workers and farm laborers whose political culture was mainly anarchist, and whose aspirations were barely perceived, much less understood, in the outside world. Iraq's Shia majority resembles the Spanish anarchists--there are many of them, they are militant, and they often seem to have no friends. So the Iraqi Shias, like the Spanish left, are enticed into a dangerous courtship with a totalitarian suitor: Iran plays the role in Basra that Russian Stalinism had in Barcelona. [...]

Споредбава, мене не ми се допаѓа - во целата приказна САД ја имаат улогата на „голема сила“ и тие „не смеат да ја повторат грешката која ја направија Британија и Франција со Шпанија“ - значи мора да војуваат за да спречат нова војна под налетот на „новите Хитлер, Мусолини и Франко“ - односно Иран и Хезболах. Сепак, сметав дека е интересно е да се види како размислуваат американските теоретичари. А можеби и е предвестување на нешто што допрва ќе го видиме..

Andrew Sullivan, пак, има пост на тема Is Iraq Still Winnable?