Вуна 2
the expansion of Blog




[четврток, ноември 23, 2006]

Информатичко општество

Минатата недела присуствував на Е-society. Океј, тоа и не е толку битно за овој пост, но ми дојде на памет да го искористам тој настан како повод за да поддржам една идеја...

МИТ - не како фамозниот институт :) туку како Министерство за ИТ (званично нека биде и „информатичко општество“, не ми смета) на Македонија

Зошто? Накусо, неопходно е. Малку поопширно:
  • Македонија веќе се профилира како „првата безжична земја“ во светот.. а што ќе ни форма, без содржина.
  • Во моментов, ИТ развојот е на ниско ниво. Ама имаме значителен потенцијал. Националната стратегија сама по себе не е доволна - мора некој да ја спроведе.
  • Таквото Министерство ќе значи и директна одговорност на државата за нејзиното делување.
  • Многуте „раштракани“ експерти ќе ги обединат знаењата околу таа стратегија - дали преку поголеми проекти, дали институционално во самото Министерство, не е толку важно.
  • Ќе се сихронизираат интересите и начинот на делување.
  • Таквото Министерство ќе повлече коренити промени во самата Влада и воопшто, државните институции. Не е доволно само развивањето на ИТ во цивилниот сектор...
  • Неколку поситни странични ефекти.
Затоа, доста зборење и дајте конкретни чекори!

[вторник, ноември 14, 2006]

Михаил Бакуњин: Револуционерен Катахизам [1886]


За Бакуњин: wikipedia | libcom | anarchist archives

II. Заменувајќи го култот на Господ со почит и љубов кон човештината, го прогласуваме човековиот разум за единствен критериум на вистината; човековата свест и совест како основа на правдината; индивидуалната и колективна слобода како единствен извор на ред во општеството.

III. Слободата е апсолутно право на секој возрасен маж и жена да не бараат друга санкција сем нивната совест и нивниот сопствен разум, бидувајќи првенствено одговорни пред себеси и потоа пред општеството кое што доброволно го прифатиле.

IV. Не е вистина дека слободата на човекот е ограничена со слободата на другите луѓе. Човекот е навистина слободен до границите кои неговата слобода, целосно спознаена и огледана преку согласноста на останатите, наоѓа потврда и проширување во нивната слобода. Човекот е навистина слободен само меѓу еднакво слободни луѓе; ропството бар на едно човечко суштество ја прекршува човечноста и ја негира слободата на останатите.

V. Слободата на секој оттаму се реализира само преку еднаквоста на сите. Реализацијата на слободата низ еднаквоста, во принцип, и де факто, е правда.

VI. Ако постои еден фундаментален принцип на човековиот морал, тоа е слободата. Почитувањето на слободата на другиот е должност; да се сака, помага, и да му се чини услуга е доблест (вирту).

VII. Апсолутно отфрлање на секој вид на авторитет вклучувајќи го оној кој ја жртвува слободата во име на удобноста на државата. Примитивното општество немаше концепт на слобода; и како што општеството еволуираше, пред целосното будење на човековиот разум и слобода, мина низ состојба во која беше под контрола на човековиот и божјиот авторитет. Политичката и економската структура на општеството мора сега да се реорганизираат на база на слободата. Отсега, редот и поредокот на општеството мора да бидат резултат на најголемата можна реализација на индивидуалната слобода, како и слободата на сите нивоа на општествени организации.

VIII. Политичката и економската организација на општествениот живот не смее, како што е сега, да биде be раководена од врвот кон основата или од центарот кон периферијата, наметнувајќи единство преку изнасилена централизација. Напротив, мора да биде реорганизирана за да делува од основата кон врвот, од периферијата кон центарот - согласно принципите на слободна асоцијација и федерација.

IX. Политичко организирање. Невозможно е да се дојде до конкретно, универзално, и облигаторна норма за внатрешниот развиток и политичкото организирање на секоја нација. Животот на секоја нација е подреден на прекумерноста од различни историски, географски, и економски услови, оневозможувајќи воспоставување на модел на организација еднакво валиден за сите. Секој таков обид би бил апсолутни непрактичен. Тоа би го угушило богатството и спонтаноста на животот кој ќе напредува единствeно кон бесконечна разноликост и, повеќе, би било против основните принципи на слободата. Како и да е, без одредени апсолутно потребни услови, практичната реализација на слободата ќе биде оневозможена засекогаш.

Тие услови се:

A. Отфрлање, напуштање, на сите државни религии и привилегирани цркви, вклучувајќи ги оние делумно воспоставени или поддржани од државни субвенции. Апсолутна слобода на секоја религија да гради храмови во чест на своите богови и да ги плаќа и поддржува своите свештеници.

B. Црквите, сметајќи ги за религиозни корпорации не смеат никогаш да ги ужуваат истите политички права со производствените асоцијации; ниту пак да им биде доверено воспитувањето и образованието на децата; бидејќи тие постојат само за да го негираат моралот и слободата и да заработат од лукративното практикување на вештерството.

C. Отфрлање на монархијата; воспоставување политичка заедница - commonwealth.

D. Отфрлање на класите, ранковите, и привилегиите; апсолутна еднаквост на политичките права на сите мажи и жени; универзално право на глас (не во државата туку во новото општество, заб. на Макс Нетлау).

E. Отфрлање, поништување, и морално, политичко, и економско расклопување на сеприсутната, строга, централизирана Држава, алтер-егото на Црквата, и како таква, перманентна причина за осиромашување, брутализација, и поробување на мнозинството. Тоа, природно го повлекува следното: Отфрлање на сите државни универзитети: јавното образование мора да биде под капата само на комуните и слободните асоцијации. Отфрлање на државното правосудство: сите судии да се бираат од луѓето. Отфрлање на сите криминални, граѓански, и легални начела сега воспоставени во Европа: начелото на слободата може да биде создадено само од слободата. Отфрлање на банкарството и сите други институции на државното кредитирање. Отфрлање на сета централизирана администрација, бирократијата, сите армии и државни полиции.

F. Непосреден директен избор на сите судски и граѓански функционери и претставници (национални, провинциски, и делегати на комуните) со универзалното право на глас на обата пола.

G. Внатрешна реогранизација на секоја земја на база на апсолутната слобода на индивидите, производствените асоцијации и комуните. Неопходноста од признавање на правото на сецесионизам: секоја индивидуа, секоја асоцијација, секоја комуна, секој регион, секоја нација го има апсолутното право на самооптределба, да стапи или не стапи во асоцијација или сојуз со било кого сакаат, и да ги раскинат сојузништвата без оглед на т.н. историски права (наследени од претходниците) или удобноста на нивните соседи. Кога еднаш правото на сецесирање е воспоставено, сецесијата веќе нема да биде потребна. Со поништување на „единството“ воспоставено преку насилие, единиците на општеството ќе бидат во можност да се соединуваат преку нивната моќно взаемно привлекување и инхерентните неопходности. Осветени од слободата, овие нови федерации на комуни, провинции, региони, и нации тогаш ќе бидат навистина силни, продуктивни и нераскинливи.

H. Индивидуални права. Правото на секој маж и жена, од раѓање па се` до полнолетство, на целосно издржување, облека, храна, живеалиште, нега, водство, едукација (јавни школи, основни, средни, високи, уметнички, занаетчиски и научни), на трошок на општеството.

2. Еднакво право на адолесцентите, додека слободно ги бираат своите кариери, да им биде помогнато до крајните можни граници од страна на општеството. По ова, општеството нема да спроведува никаков авторитет и нема да има никаква надлежност над нив, освен во врска со почитта, или пак при нужна одбрана на нивната слобода и нивните права.

3. Слободата на возрасните од обата пола мора да биде апсолутна и комплетна, слобода да се доаѓа и заминува, слобода на говорот и ставот, слобода да се биде мрзлив или активен, морален или неморален; накратко, да се распредели поседот на една личност според нејзината волја, без да одговара никому. Слобода да се живее, според сопствениот труд, дури кога одредени поединци кои доброволно ја толерираат експлоатацијата.

4. Неограничена слобода на пропаганда, говор, печат, јавно или приватно заседавање, без останато ограничување освен природната поздравна моќ на јавното мислење. Апсолутна слобода на организирање асоцијации дури и за крајно неморални цели вклучувајќи ги и оние кои советуваат унишување на индивидуалната и јавната слобода.

5. Слободата може и мора да се брани единствено со слобода: да се советува за ограничување на слободата под изговор дека тоа е за нејзина одбрана е опасна заблуда. Моралноста нема друг извор, друг предмет,ниту друг стимул освен слободата; сите ограничувања на слободата во име на заштитата на моралот секогаш биле штетни. Психологијата, статистиката и историјата докажуваат дека индивидуалниот и социјалниот неморал се неизбежни последици на погрешното приватно и јавно образование, дегенерацијата на јавниот морал и корумпирањето на јавното мислење, и над се` на разните општествени организации. Еден еминентен белгиски статистичар (Кветлет) посочува дека општеството широко им ја отвора вратата на криминалот и злосторниците. Следи мора да се отфрлат дека сите обиди да се собори општествената неморалност преку ригорозна легислатива која ја нарушува индивидуалната слобода. Искуството, напротив, демонстрира дека репресивните и авторитарните системи, не само што не се превентивни, туку и го стимулираат криминалот; јавната и приватна моралност опаѓа или расте напоредно со ограничувањето или проширувањето на слободата на индивидуата. Тоа повлекува пак, дека за да се регенерира општество, мора прво коренито да се промени политичкиот и општествен систем фундиран на нееднаквост, привилегии и презир на хуманоста. Откако ќе се реконструира општеството на база на целосната слобода, еднаквост и праведност - да не споменувам работа за сите и просветлувачко образование инспирирано од почитта кон човекот - јавното мислење тогаш ќе го рефлектира новото човештво и ќе постане природен чувар на апсолутната слобода и јавниот ред.

6. Општеството не може, како и да е, да биде оставено тотално без одбрана против порочните и паразитските индивидуи. Работата мора да биде база на сите политички права. Општествените единици, секоја со свое правосудство, можат да ги лишат сите антисоцијални возрасни од политичките права (освен старите, болните и оние кои се зависни од приватни или јавни прилози), но и ќе бидат обврзани да им ги повратат политички права колку што е можно поскоро кога ќе почнат да живеат од сопствен труд.

7. Слободата на секое човечко битие е неотуѓива и општеството никогаш не смее да бара било кој поединец да ја предаде својата слобода или да потпише договор со други поединциосвен ако тоа не е на база на најкомплетниата еднаквост и реципрочност. Општеството не може на сила да спречи ниеден маж ниту жена од одземање на личното достоинство за да го или ја смести во доброволна служба на друга индивидуа; но таквите личности со право ќе бидат третирани како паразити, без право на уживање на политичките слободи, тоа ќе трае само за време нивното „паразитување“.

8. Личностите кои ги изгубиле своите политички права исто така ќе ја изгубат и надлежноста над своите деца. Оние кои ги нарушуваат слободните спогодби, крадат, нанесуваат телесни повреди, или, над се`, ја нарушуваат слободата на било кој поединец, сожител или странец, ќе бидат казнети според законите на дадената заедница. Осудените од законите на било која и сите асоцијации (комуна, провинција, регион, нација) го задржуваат правото на избегнување на пропишаната казна ако се изјаснат дека ќе ја напуштат дадената заедница. Но, во тој случај, асоцијата има еднакво право да го набрка виновниот и повеќе да не му гарантира заштита.

I. Право на асоцијации (федерализам). Соработувачките работнички асоцијации се нов момент во историјата. Во овие времиња ние можеме да шпекулираме, но не да го детерминираме, инзворедниот развиток кој тие несомнено ќе го изложат при новите политички сувопарни општествени услови на иднината. Возможно е и дури прилично извлодливо, дека тие еден ден ќе ги трансцедираат границите на градовите, провинциите, дури и земјите. Тие можат целосно да го реконституираат општеството, делејќи го не на нации, туку на различни индустриски групи; организирани не според политичките потреби туку спорет производствените. Но ова е за во иднина. Ние веќе можеме да го прокламирама овој фундаментален принцип: независно од нивните функции или цели, сите асоцијации, како и сите индивидуи, мораат да уживаат апсолутна слобода. Ниедно општество, ниту дел од општеството - комуна, провинција или нација - нема право да ги спречи слободните поединци да се здружуваат слободно за било каква цел: политичка, религиозна, научна, уметничка или друи и за експлоатација или корупција на наивните или алкохоличарите, ако не се малолетници. Борбата со шарлатаните и опасните асоцијации е подредена на јавното мислење. Но, општеството е обврзано да одбие да ги гарантира граѓанските права на било која асоција или колектив чии цели или правила ги нарушуваат основните принципи на човековата правда. Индивидуите нема да бида казнети или лишени од нивните политички и социјални права само затоа што припаѓаат на одредени непризнаени социетети. Диференцирањето меѓу признаените и непризнаените асоцијации ќе биде следново: правно признаените асоцијации имаат право на заштита во заедницата од поединци или други признаени групи кои одбиваат да ги исполнат нивните доброволни прифатени обрвски. Непризнаените пак, нема да ја имаат на располагање заштита на заедницата и ниедна од нивните спогодби нема да се смета за обврзувачка.

Поделбата на земјата на региони, провинции, окрузи и комуни, како во Франција, природно ќе зависи на традициите, посебните околности и различните природи на секоја земја поодделно. Ние само посочуваме дека во овој домен постојат две основни и неопходни начела кои мора да бидат спроведени во било која земја која сериозно се обидува да организира слободно општество. Прво, сите организации мораат да се формираат од основата кон врвот, од комуната кон координирана асоцијации наречена земја или нација. Второ: мора да постои барем едно автономно „меѓутело“ меѓу комуната и земјата, регионот или провинцијата. Без такво автономно посредничко тело, комуната (во строга смисла на зборот) би била премногу изолирана и преслаба за да биде отпорна на деспотскиот централистички притисок на Државата, која неизбежно (како што на два пати се случи во Франција) ќе ја поврати моќта и ќе го наметне деспотскиот монархистички режим. Деспотизмот многу повеќе го наоѓа својот извор во централизираната организација на Државата, отколку во деспотската природа на кралевите.

K. Основната единица на сите политички организации во секоја земја мораат да бидат комплетно автономни комуни, конституирани од мнозинството гласови на сите возрасни од обата пола. Никој не ќе ја има моќта или правото да се меша во внатрешниот живот на комуната. Комуната ги избира сите функционери, законодавци и судии. Ја администрира комуналната сопственост и финансиите.

Секоја комуна треба да има неоспорно право да креира, без санкција од надлежните, свој устав и легислатива. Но, за да се приклучи и да стане интегрален дел на провинциската федерација, комуната мора да ја прилагоди својата повелба со основните принципи на провинцискиот устав и да биде прифатена од парламентот на провинцијата. Комуната мора исто така да ги прифати одлуките на провинцискиот трибунал и мерките пропишани од управата на провинцијата (сите мерки на провинциската управа мора да бидат ратификувани од провинцискиот парламент). Комуните кои одбиваат да ги прифатат провинциските закони нема да бидат овластени за користење бенефиции.

L. Провинцијата мора да биде единствено слободна федерација на автономни комуни. Провинцискиот парламент треба да биде составен или од единствен дом со претставници на секоја од комуните; или пак да биде дводомен - во кој вториот дом би ги претставувал граѓаните на провинцијата, независно од комуните. Провинцискиот парламент, без да се меша на ниеден начин во внатрешните одлуки на комуните би формулирал провинциски устав (базиран на принципите на овој катахизам). Таквиот устав мора да биде прифатен од сите комуни кои посакуваат да учествуваат во провинцискиот парламент. Парламентот ќе донесува легислатива која ќе ги дефинира правата и обврските на поединците, комуните и асоцијациите во врска со провинциската федерација, како и казните за прекршување на нејзините закони. Таа ќе го заштити правото на комуните за автономно одлучување на секундарно ниво, но само во склоп на фундаменталните принципи.

Провинцискиот парламент, во согласност со Повелбата на Федерацијата на Комуните, ќе ги дефинира правата и обврските на комуните према парламентот, трибуналот, и провинциската управа. Ќе ги донесува сите закони кои се однесуваат на целата провинција, ќе предава одредени резолуции или одлуки на националниот парламент, без притоа да ја прекрши автономијата на комуните и провинцијата. Без да се меша во внатрешното управување на комуните, ќе и` го доделува на секоја комуна нејзиниот дел од провинцискиот или националниот приход, средства кои комуната ќе ги употреби како што нејзините членови ќе одлучат. Провинцискиот парламент ќе ги ратификува или одбива сите политички одлуки на провинциската управа кои, секако, ќе бидат усвојувани со универзалното право на глас. Провинцискиот трибунал (исто така избран преку универзалното право на глас) ќе заседава и ќе ги решава, без право на жалба, сите спорови меѓу комуната и поединците, комуната и другите комуни, и команата и провинциската администрација или парламент. Ова нема да води кон тапа и безживотна униформност, туку кон вистинско животно единство и збогатување на комуналниот живот. Единството ќе биде создадено така да ги рефлектира потребите и аспирациите на комуните; на кратко, ќе имаме индивидуална и колективна слобода. Ова единство не смее да биде достигнато преку принуда или насилство од страна на провинциската моќ; таквиот начин е лажен и погрешен.

Нацијата не смее да биде ништо освен федерација на автономни провинции. [При што релацијата провинција-нација, во главно, би била иста како комуна-провинција - Нетлау]

N. Принципите на Интернационалната Федерација. Унијата на нациите вклучени во Интернационалната Федерација ќе биде базирана на понатаму наведените принципи. Веројатно е, а и посакувано, дека кога часкот на Народната Револуција ќе дојде пак, секоја нација ќе се обедини во братска солидарност и ќе искова нескршлив сојуз против коалицијата на реакционерните нации. Оваа алијанса ќе биде зародиш на идната Универзална Федерација на Народите која, евентуално, ќе го опфати целиот свет. Интернационалната Федерација на револуционерни народи, со парламент, трибунал и меѓународен изврешен комитет, природно ќе биде базирана на принципите на револуцијата. Применети во меѓународната политика, тие принципи се:

1. Секоја земја, секоја нација, секој народ, големи ил мали, слаби ил силни, секој регион, провинција и комуна има право на самоопределување, да стапува во сојузи, да се обединува или сепарира по сопствено убедување, без разлика на т.н. „историски права“ и политичките, комерцијалните или стратегиските амбиции на Државите. Единството на елементите на општеството, за да биде изворно, плодно и да трае подолг период, мора да биде апсолутно слободно: може да произлезе само од внатрешните потреби и взаемната привлечност на различните општествени единици.

2. Отфрлање на наводното историско право и ужасното право на освојување.

3. Апсолутно одбивање на политиката на возвишување на моќта и глорификацијата на Државата. Таквата политика секоја држава ја прави своевидна тврдина, запечатена кон остатокот од човештвото, организирана во свој затворен свет, независна од човековата солидарност, наоѓајќи ја сопствената чест и просперитет во злото што може да им го нанаесе на останатите Држави. Земја која е склона кон освојување, нужно значи дека е земја која е однатре поробена.

Честа и величина на нацијата лежат единствено во развитокот на човештвото. Нејзината снага и внатрешна виталност се мерат според степенот на слободата.

Добробитта и слободата на нациите како и на поединците се испреплетени. Оттаму, слободни мора да бидат трговијата, размената и комуникациите меѓу сите обединети земји, и да се отфрлат границите, пасошите и царините. Секој граѓанин на земја која е во федерација мора да ги ужива истите граѓански права и мора да му биде лесно да се стекне со граѓанство и да ги ужива истите права во сите други земји кои припаѓаат на таа федерација. Ако слободата е почетокот, таа нужно ќе води до единство. Но, патот кон единство преку слобода е тежок, ако не и невозможен; дури и да е изводлив, може да биде изоден само преку уништување на лажното „единство“ наметнато со сила.

Ниедна земја од федерацијата не смее да има трајна армија или било каква институција која ќе ги двои војниците од цивилите.

Не само што војските и професионалните војници се причина внатрешен немир, брутализација и финански загуби, тие се и закана за независноста и добробитта на останатите нации. Сите физички способни граѓани треба во крајна нужда да се вооружат и да ги бранат своите домови и својата слобода. Секоја воена одбрана и оружјето треба да биде организирано локално, во комуните, или во провинциите, нешто како армиите на Швајцарија или САД (за време на граѓанската војна).

8. Интернационалниот Трибунал ќе нема ниедна друга улога освен да заседава и да ги решава без жалба сите спорови меѓу нациите и нивните провинции. Разликите меѓу две земји во федерацијата ќе бидат надминати, без жалба, само во Интернационалниот Парламент, кој во името на целата револуционерна федерација, ќе формулира општа заедничка политика, и ќе води војна ако е неизбежно, против реакционерните коалиции.

9. Ниедна нација на федерацијата не смее да војува против друга земја од федерацијата. Ако постои војна и Интернационалниот Трибунал ја обзнанил својата одлука, агресорот мора да се предаде. Ако тоа не се случи, другите нации ќе ги прекинат релациите со неа, и во случај на напад на агресорот, ќе се обединат во вршењето инвазија врз него.

10. Сите членки на револуционерната федерација мора активно да земат учество во дозволените војни против ентитет надвор од федерацијата. Ако нација од федерацијата објави неправедна војна против надворешен непријател без согласност од Интернационалниот Трибунал, тогаш таа однапред треба да биде известена дека војната ќе мора да ја спроведе сама.

11. Пожелно е земјите од федерацијата да се откажат од скапи и луксузни поединечни дипломатски преставништва во надворешните земји и ќе обезбедат протокол во кој претставниците ќе зборуваат во име на целата федерација.

12. Само оние нации и народи кои ги прифаќаат принципите на овој катехизам ќе бидат примени во федерацијата.

Општествена организација. Без политичка еднаквост не може да има реална политичка слобода, но политичката еднаквост ќе биде изводлива само кога ќе има социјална и економска еднаквост.

A. Еднаквоста не го имплицира изедначувањето на индивидуалните разлики, ниту поединците треба да бидат приморани на физичка, морална или ментална идентичност. Разликата во капацитетите и моќите - оние разлики меѓу расите, нациите, половите, возрасните групи и воопшто личностите - далеку од тоа да се било какво зло, напротив, го конституираат изобилието на човештвото. Економско-социјалната еднаквост значи изедначување на личното богатство, но притоа не ограничувајќи го она што човек го стекнува со сопствените вештини, енергија и штедење.

B. Еднаквоста и правдата бараат само општество организирано на тој начин што секое поедино човечко битие, од раѓање, преку адолесценција и зрелост, ќе има еднакви средства, прво за згрижување и едукација, и потоа, за развивање на сите негови природни капацитети и способности. Оваа еднаквост од раѓање која правдата ја бара за секого ќе биде невозможно се` додека постои правото на наследство.

D. Отфрлање на секое право на имотно наследство. Социјалната нееднаквост - нееднаквоста на класите, привилегиите и бесправното богатството - ќе продолжи да постои се` додека не биде отфрлено правото на наследство. Тоа е неразделив општествен закон кој де факто повлекува дека социјалната нееднаквост резултира со нееднакви права; социјалната нееднаквост води до политичка нееднаквост. Без политичка еднаквост - во вистинска, универзална и слободарска смисла во која ние ја подразбираме - општеството секогаш ќе биде поделено на два нееднакви дела. Првиот, кој го опфаќа големото мнозинство, масите луѓе, ќе бидат угнетувани од привилегираното малцинство на експлоататори. Правото на наследство го нарушува принципот на слобода и мора да биде отфрлено.

G. Кога нееднаквоста од правото на наследство ќе биде сузбиена, сеуште ќе останат нееднаквости (имотни) поради различната енергија и вештини на поединците. Овие нееднаквости никогаш нема целосно да исчезнат, но ќе постануваат се` помали и помали под влијание на образованието и на егалитаристичките општествени организации, и, пред се`, кога правото на наследство нема да им тежнее на идните генерации.

H. Трудот е единствен извор на богатството - секој е слободен да умре од глад или да живее во пустиња или дивина меѓу ѕверови; но кој сака да живее во општество, мора да си ја заработува живеачката со сопствен труд, или да биде третиран како паразит кој што живее од трудот на останатите.

I. Трудот е основа на човековата чест и морал. Преку слободниот и интелигентен труд, човекот, надминувајќи го своето ѕверство, се стекна со хуманоста и смислата за праведност, ја промени својата животна средина и го креираше цивилизираниот свет. Стигмата која во антиката и во феудализмот, важеше за трудот, и која во голема мера постои денес, покрај сите лицемерни фрази за „честа на трудот“ - глупавата предрасуда протов трудот има два извори: првиот е осудата, карактеристична за античкиот свет, дека за да се даде на еден дел од општеството можност да се хуманизира низ науката, уметностите, философијата и уживањето определени права, другиот дел на општеството, односно побројниот дел, мора да работат како робови. Институцијата „ропство“ беше причината за падот на античките цивилизации.

Градот пак, корумпиран и неорганизиран од една страна преку летаргијата на привилегираните граѓани, и поткопан од друга преку незабележливата но немилострдна активност на лишените од наследство робови кои, покрај своето ропство, низ својот труд развија чувство за взаемна помош и солидарност против угнетувањето, колабираше под налетот на варварите.

Христијанството, религијата на робовите, подоцна ја уништи античката форма на ропството за да создаде ново ропство. Привилегијата, базирана на нееднаквост и правото на освојување канонизирано со божествената милост, повторно го расцепи општеството на два спротивни табора: толпата и благородништвото, слугите и господарите. На вториве им беше доделена благородната професија на владеење; на слугите, клетвата на принудна работа. Истите причини предизвикаа исти ефекти; благородништвото, ослабено и деморализирано од декаденција и изопаченото безделништво, падна во 1789 под налетот на револуционерните слуги и работници. Француската Револуција го прокламираше достоинството на трудот и ги осредоточи работничите права во закони. Но, само во законот, затоа што де факто работништвото остана поробено. Првиот извор на деградација на трудот, имено, догмата за политичката нееднаквост на луѓето, беше уништена од Големата Револуција. Деградацијата, следствено мора да биде припишана на секундарниот извор, кој не е ништо друго туку сепарацијата која сеуште постои меѓу физичкиот и умствениот труд, кој ја репродуцира античката нееднаквост во една нова форма, и повторно врши поделба на два табора: привилегираното малцинство, не со закон, туку со капитал; и мнозинство на работници, кои не се заробеници на законот; туку на гладот.

Честа на трудот денес е теоретски признаена, и јавното мислење во главно вели дека е срамота да се живее без работа. Но, ова не е суштината на прашањето. Човековиот труд, воглавно, е сеуште поделен на две ексклузивни категории: првата - исклучиво интелектуална и менаџерска - вклучувајќи ги научниците, уметниците, инженерите, изумителите, сметководителите, учителите, службениците, и нивните подредени елити кои ја наметнуваат трудовата дисциплина. Втората група се состои од големата маса на работници, луѓе спречени од приложување на креативни идеи и интелигенција, кои слепо и механички ги спроведуваат наредбите од интелектуално-менаџерската елита. Оваа економска и социјална поделба на трудот има катастрофални последици за членовите на привилегирана класа, широките народни маси, и за просперитетот, како и за моралот и интелектуалниот развој на општеството во целина.

Но, за привилегираната класа, животот во луксуз и безделничење постепено води кон интелектуално дегенерирање. Вистина е дека одредено релаксирање е потребно за да се оствари уметничкиот, научниот и менталниот напредок на човекот; креативното излежување проследено со здрава вежба со секојдневна работа, чесно спечалена и социјално за сите согласно со индивидуалните капацитети и преференци. Човековата природа е така срочена да склоноста кон злото е секогаш засилена од надворешни фактори, и моралот на поединцеот зависи многу повеќе од егзистенцијалните услови и околината, отколку од неговата сопствена волја. Во тоа име, законот за општествена солидарност е неопходен: не постои друг морализатор за општеството и поединецот освен слободата во услови на апсолутна еднаквост. Земете го најискрениот демократ, и ставете го на тронот; ако истапи веднаш, сигурно ќе постане подлец и тиранин. Роден аристократ (во принцип би требало да биде засрамен од својата аристократска лоза) ќе цимоли по минатите славни времиња, ќе биде бескорисен во сегашноста, и ќе го опструира натамошниот прогрес. Истото важи и за буржуазијата: драгото потомство на капиталот и безделничењето ќе си го губи времето во нечесност, корупција и блудничење, или ќе делува брутално за поробување на работничката класа, која ќе избувне против нив уште поужасно отколку во 1793.

Злата на кои работникот е подложен со поделбата на трудот се многу полесни да се детерминираат: присилен да работи за другите бидејќи е роден во сиромаштија и мизерија, лишен од секакво умствено издигнување и едукација, морално поробен од религиозното влијание. Тој е катапултиран во животот, без самоодбрана, без иницијатива и против неговата слободна волја. Доведен до очај од мизерноста, понекогаш се бунтува, но поради недостатокот од единство со останатите работници и просветлувачката мисла (на што нивната моќ би требало да почива), тој често е предаден или продаден од неговите лидери, и речиси никогаш не може да разбере кој е одговорен за неговото патење. Исцрпен од залудната борба, тој запаѓа во ропство.

Неговото ропство ќе трае додека капитализмот не биде отфрлен преку колективната акција на работништвото. Тие ќе бидат експлоатирани се` додека образованието (кое во слободното општество би било еднакво достапно за сите) е ексклузивно право со кое привилегираната класа се стекнува уште од раѓање; се` додека малцинството има монопол на научната и менаџерската работа и луѓето - спуштени до статусот на машини или животни кои `рмбаат - се присилени да ги вршат задачите кои им ги наметнуваат нивните експлоататори. Ова деградирање на човековиот труд е огромно зло, загадувајќи ги моралните, интелектуалните и политичките институции на општеството. Историјата ни покажува дека необразовано мноштво луѓе чија природна интелигенција е задушена и кои се брутализирани од механичката монотонија на катадневната мака, кои залудно ја опипуваат светлината, конституира безумна толпа чија заслепена турбулентност се заканува и по самото постоење на општеството.

Вештачката поделба помеѓу физичкиот и интелектуалниот труд мора да отстапи пред новата општествена синтеза. Кога човек кој се занимава со наука ќе почне со физичка работа, и кога работникот ќе може да врши интелектуален труд, слободната интелигентната работа ќе стане гордост на човештвто, и извор на неговата чест и неговите права.

K. Интелигентниот и слободен труд е нужно колективен труд. Секој поединец, секако, ќе биде слободен да работи сам или тимски.

Но, нема сомнеж дека (надвор од работата која најдобро се изведува индивидуално) во индустријата и дури во науката или уметноста, колективниот труд ќе биде префериран од сите. Здружениот труд ја умножува продуктивноста на секој работник; значи, доколку се работи колективно, работниците ќе заштедат време. Кога слободните производствени асоцијации (кои би вклучувале членови од трудовите организации) доброволно ќе се организираат според нивните потреби и вештини, ќе ги трансцедираат сите национални граници и ќе формираат огромна светска економска федерација. Таа би вклучувала индустриски парламент, на кого асоцијациите би му доставувале точна и детална статистика; преку хармонизирање на понудата и побарувачката парламентот ќе ги дистрибуира и алоцира светските индустриски производи на различните нации. Индустриските кризи, стагнацијата, невработеноста, залудното трошење средства итн, веќе нема да го измачуваат човештвото; еманципацијата на човековиот труд ќе го регенерира светот.

L. Земјата, и сите природни ресурси, се заедничка сопственост на сите, но ќе бидат користени само од оние кои ги одгледуваат со нивниот сопствен труд. Без експропријација, само низ моќниот притисок на работничките асоцијации, капиталот и средствата за производство ќе им припаднат на оние кои го создаваат богатството со нивниот сопствен труд.

M. Еднакви политички, социјални, и економски права, како и обврски, за жените.

N. Отфрлање не на природната фамилија, туку на „легалната“ фамилија фундирана со закон и имот. Религиозниот и граѓанскиот брак ќе бидат заменети со слободен брак. Возрасните мажи и жени имаат право да се соединуваат и разделуваат како што сакаат; општеството нема право да го спречи нивното заедништво ниту пак да ги присилува да го задржат. Со отфрлањето на правото на наследство и обезбедувањето на образованието од страна на општеството, сите причини за неотповикливост на бракот ќе исчезнат.

Заедницата на мажот и жената мора да биде слободна, затоа што слободниот избор е неопходен услов за моралната искреност. Во бракот, мажот и жената мора да уживаат апсолутна слобода. Насилството ниту страста ниту правата предадени во минатото не ја оправдуваат инвазијата на слободата од страна на едниот партнер; таквиот чин ќе се смета за злостор.

O. Од моментот на затруднување, па се` до пораѓањето, жената и нејзиното дете ќе бидат субвенционирани од страна на комуналните организации. Жените кои имаат желба да ги одгледуваат своите деца исто така ќе биде помагана.

P. Родителите имаат право да се грижат и да го воспитуваат своето дете, под надзор на комуната, која пак има право и обврска да го одземе детето од родителите кои со нечовечен однос кон него, го деморализираат или поинаку го нарушуваат неговиот физички и ментален развиток.

Q. Децата не припаѓаат ниту на родителите, ниту на општеството. Тие припаѓаат на самите себе и на својата идна слобода. Се` додека не се доволно возрасни за сами да се грижат за себе, децата треба да бидат израснати под закрила на нивните родители.

Вистина е дека родителите се нивните природни тутори, но поради тоа што иднината на комуната зависи од интелектуалниот и моралниот тренинг на децата, комуната мора да биде всушност нивен тутор. Слободата на возрасните е возможна само тогаш кога општеството се грижи за едукацијата на „малите“.

R. Секуларното училиште мора да ја замени Црквата, со таа разлика што додека религиозната индоктринација ја овековечува суеверноста и божествениот авторитет, самата цел на секуларното јавно образование е постепена, прогресивна иницијација на децата кон нивната слобода преку тројното развивање на нивната физичка сната, нивниот ум и нивната волја. Разумот, вистината, правдата, почит кон останатите, чувството за чест која е нераздвоива од честа на останатите, љубовта кон личната слобода и слободата на сите други, убедувањето дека работата е основа и услов за сите права - тоа мора да бидат основните принципи на сето јавно образование. Пред се`, образованиот мора да ги направи луѓето луѓе, и да им влее човечки вредности, и потоа да тренира специјализирани работници. Како што детето расте, ќе се стекнува со поголема слобода на сметка на образовниот авторитет, така што до адолесценцијата ќе биде комплетно слободна личност и ќе заборави во детството морало неизбежно да се покори пред некој авторитет. Почит за човековата вредност, зародишот на слободата, мора да биде присутна дури и кога децата се строго дисциплинирани. Значењето на сето морално образование е на децата да им се влее почит кон хуманоста; така ќе станат добри луѓе.

S. Откако ќе станат возрасни, адолесцентите ќе се прокламираат како автономни и слободни да делуваат како што мислат дека е најдобро. Во замена за тоа, општеството од нив ќе очекува исполнување на следниве три обврски: да продолжат да бидат слободни; да живеат од сопствениот труд; и да ја почитуваат слободата на другите. И, како што криминалните дела и гревови го инфицираат сегашното општество се должат на злата негова организација; сигурно е дека во општеството базирано на разум, правда, слобода и почит кон хуманоста и целсната еднаквост, доброто ќе надвладее и злото ќе биде само исклучок, и ќе се намалува се` повеќе и повеќе пред сеприсутното влијание на просветленото и хуманизирано јавно мислење.

T. Старите, болните и слабите ќе ги уживаат сите политички и социјални права и ќе бидат издржувани на трошок на општеството.

XI. Револуционерна политика. Наше всадено убедување е дека, тргнувајќи од тоа што слободата на сите нации е неотуѓива, националните револуции мора да станат интернационални, во просторна смисла. Ако реакциите на Европа и светот се обединети, не би требало веќе да се случуваат изолирани револуции, туку универзална револуција распространета насекаде низ светот. Оттаму, сите поедничени интереси, суети, претензии, љубомора и завист, и непријателствата меѓу нациите мора да се трансформираат во обединат, заеднички и универзален интерес на револуцијата, кој само ќе може да ја осигура слободата и зависноста на секоја нација преку солидарноста на сите. Ние исто така веруваме дека светиот сојуз на светска контрареволуција и заговорот на кралевите, клерот, благородништвото и буржуазијата, базирани на нивните огромни буџети, војската, бирократијата, опремени со сите монструозни апаратури на модерната централизирана држава, сочинуваат огромна сила; всушност, оваа огромна реакционерна коалиција може да биде само од една единствена поголема моќ; моќта на симултаниот револуционерен сојуз и акција на сите народи на цивилизираниот свет, кои инаку, во изолираните револуции никогаш не би успеале. Таквата изолирана револуција би била будалеста, и катастрофална по земјата во која би се случила и би предизвикала криминал против сите останати нации. Следи дека востанувањето на еден народ мора да се однесува не само тој даден народ; туку целиот свет. Сето тоа бара градење на една светска програма, голема, прониклива, вистинита, хумана, за да ги обедини интересите на целиот свет. За да се стимулира страста на сите народни маси во Европа, без оглед на националноста, оваа програма може единствено да биде програма на социјалната и демократска револуција.

Накусо, целите на социјалната и демократска револуција се: политички - отфрлање на историскити права на државите, правото на освојување, и дипломатските права. Цели кон целосно ослободување на поединците од црковните и деспотските стеги; бара целосно уништувње на сите принудни односи и ништење сите разнородни натрупувања на комуните во провинции и покорените земји во Државата. Конечно - радикално поништување на централизираната, агресивна, авторитарна Држава, вклучувајќи ја нејзината војска, бирократијата, администрацијата, судството и останатите институции. Револуцијата, накратко, ја има оваа цел: слобода за сите, за поединците и за колективите, асоцијациите, комуните, провинциите, регионите и нациите, како и взаемна гаранција на оваа слобода преку формирање на федерации.

Социјално: револуцијата бара потврда на политичката еднаквост во економската еднаквост. Ова не значи отстранување на природните индивидуални разлики, туку еднаквост на социјалните права на секој поединец од раѓање; практично, еднакви средства за опстанок, издржување, едукација и еднакви можности за секое дете, момче или девојче, додека не порасне; и еднакви ресурси и олеснувања за возрасните во креирањето на сопствената добробит преку сопствениот труд.

[петок, ноември 10, 2006]

YouTube: повеќе од политичко влијание

Еднаш веќе пишав за политичкото влијание на ЈуТјуб, нешто што особено важи за САД.

Денес: Њујорк Тајмс линка до ЈуТјуб клип на кој е снимено прекршување на изборите.



[фала на Дарко за линкот]

Интервју со Samuel Huntington

[...] I don’t suggest that the West is uniform. Obviously there are divisions within the West and divisions within Islam. There are different sects, different communities, different countries. So neither Islam nor the West is homogenous at all. I don’t think it is all that useful to think in terms of two solid blocks. But there is still commonality within. People everywhere talk about Islam and the West. Presumably that has some relationship to reality and has some meaning. Of course, the core of that reality is differences in religion. [...]

[...] Q: How is the Muslim world faring in the context of a world that has mostly accepted, if in theory not practice, liberal democracy?

SH: We’ve seen at least the beginnings of rather significant social and economic change in the Muslim world, which I think will in due course lead to more political change. Obviously, Muslim societies, like societies elsewhere, are becoming increasingly urban, many are becoming industrial. But since so many have oil and gas, they don’t have a great impetus to change.

At the same time, the revenue that natural resources produce gives them the capability to change. Countries like Iran are beginning to develop an industrial component. [...]
Global Viewpoint: Huntington revisits the "Clash of Civilisations"