Вуна 2
the expansion of Blog




[недела, октомври 22, 2006]

Вилијам Годвин и основните концепти на Политичката праведност

Вилијам Годвин (1756 - 1836) е англиски писател, новинар и филозоф; автор чија политичка мисла, заснована пред се на човекољубието претставува сплотување на концептите на утилитиризмот со анти-државните тендеции; како таква претставува и основа за една подоцнежна (современа) идеологија и теорија, позната како анархизам.

[Тривиа: инаку, ќерката на Вилијам Годвин, Мери Годвин, подоцна Мери Шели, е авторка на романот Франкенштајн]

Во 1793, е објавен првиот дел од неговото повеќетомно капитално дело; испровоцирано од Француската револуција; насловено како Расправа за политичката праведност, и нејзиното влијание на општата доблест и среќа [Enquiry concerning Political Justice, and its Influence on General Virtue and Happiness].

Во продолжение следи т.н. Кусиот преглед на принципите (го има во оригинал на погорниот линк, ова подолу е мој превод), кој е еден вид предговор, воведник во Годвиновата филозофија на политичката праведност.


ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ПОЛИТИЧКАТА ПРАВЕДНОСТ

I.

Вистинската цел на моралната и политичката реч, е блаженството; или среќата.
Првенствен, односно најраниот вид на човекова благосостојба е сетилното задоволство.
По овие, човекот чувствува и второстепени задоволства, како што е блаженото умствено чувство, взаемното разбирање, и задоволствата од самосвесното делување.
Второстепените задоволства се веројатно попрефинети од првите; или, барем, најпожелната состојба за човека е онаа која му пружа пристап до сите изворишта на задоволство, и каде е разнолико среќен, непрекинато.
Ова е состојбата во која се наоѓаат вишите цивилизации.

II.

Најпожелната состојба за луѓето е општеството.
Неправедноста и насилсноста на луѓето во општеството предизвикаа потреба од власт.
Власта, беше наметната на човештината поради нивните бројни гревови, почивајќи на нивната глупост, нивните грешки.
Власта начелно требаше да излезе на мегдан со неправдата; а таа понуди нови прилики и искушенија за вршење неправедности.
Концентрирајќи ја в себе силината на заедницата, таа овозможува дивјаштво и таксирати, угнетување, деспотија, војна и поробување.
Преку втемелување и продлабочување на нееднаквостите; таа присвојува злокобни страсти; всадува нагони кај луѓето, да крадат и мамат.
Власта начелно требаше да ја сотре неправдата, но она што таа го стори е тоа што ја запечати непрвадата во човештината за век и веков.


III.

Неотповиклива цел на власта е сигурноста; безбедноста.
Средствата со кои власта се користи се рестрикција; ускратување на индивидуалната слобода.
Блаженството кое го нуди делувањето според самосвеста, заедно со гаењето на останатите задоволоства, нужно зависат од индивидуалнта слобода.
Без независноста човек не може да постане мудар, ниту корисен, ниту среќен.
Следствено, најпожелната состојба на човештината е онаа во која е воспоставена општата безбедност, но преку исклучиво најмалото можно чепкање по индивидуалната независност.


IV.

Вистинската норма која ги диригира односите на еден човек наспрам друг; е праведноста.
Правдата е принцип кој го нуди најголемиот збир на задоволства или среќа.
Правдата нужно бара „да се ставам на место на непристрасен набљудувач на човековите интереси, и да се оградам од било каква макар и ретроспективна склоност кон нештата“.
Правдата подразбира владеење на најдалекиот универзалитет, и препишува специфичен начин на делување, секогаш кога среќата на човековото битие може да биде засегната.


V.

Заповед е да се делува според капацитетот на личноста во поглед на општата корист.
Право е човек да го претполага сопствениот дел од добробитта која се стекнува при растеретувањето и помагањето на неговите соседи (во смислол на сограѓани).
Барањето на индивидуата треба да биде ил за напрегнувањето во корист на ил за попуштањето, правење отстапки кон соседите.
За ангажманот во општеството човека треба да биде дискретно ополномоштен; попустливоста е пак за во одредени случаи, при очебијна нужда, директна надлежност на политичкиот надзор, или власта.


VI.

Волевите дејствија на луѓето се раководени од нивните чувства.
Разумот не е независен принцип, и сам по себе нема тенденција да не` предизвика да дејствуваме; практично, тој не е ништо друго сем споредба на, и расудување за сопствените чувства.
Разумот, иако не не` предизвикува да дејствуваме, го регулира нашето однесување, водејќи се од споредената вредност која им ја припишува на различните други предизвикатели.
Водени од напредувањето на разумот, гледаме да си ја подобриме и (генералната) општествената состојба.


VII.

Разумот зависи од сопствената негова чистота и силина при „култивизирањето“ (обработката) на сознанијата.
Обемот на нашиот напредок во „култивизирањето“ на сознанијата е неограничен.
Од тука,
1. Човековите пронајдоци, и начинот на општествено битисување, се осетливи на иманентниот напредок.
2. Институциите кои им ја доверија вековитоста на било кој модул на размислување, или состојба на постоење, се погубни и штетни.


VIII.

Интелектуалната благосостојба и задоволствата од само-свесноста, заедно со правилното гаење на сите наши задоволства, ја детерминираат неповредливоста на меѓусебното разбирање.
Неповредливоста на разбирањето е неспоива со предрасудите: следствено, што помалку лаги треба да бидат спекулативно или практично усвоени меѓу луѓето.
Неповредливоста на меѓусебното разбирање е поврзана со слободата на побарување; следствено, упорноста треба да биде, колку што јавната безбедност ќе допушти, ослободена од ограничување.
Неповредливоста на меѓусебното разбирање е поврзана и со едноставноста на однесувањето, и успокојувањето на интелектуалното „култивизирање“: екстремно нееднаквата распределба на материјалното добро, е противник на најпосакувана состојба на човекот.

Линкови:
Годвин на анархистичките архиви
Википедија [ en | fr | de ]
Гутенберг
Годвин на утилитаристичките архиви