Вуна 2
the expansion of Blog




[петок, октомври 27, 2006]

Паѓањето на Империите

They called it "the American Century," but the past hundred years actually saw a shift away from Western dominance. Through the long lens of Edward Gibbon's history, The Decline and Fall of the Roman Empire, Rome 331 and America and Europe 2006 appear to have more than a few problems in common. [Empire Falls by Niall Ferguson]
Песимистички поглед на сегашноста и особено иднинината на западните „цивилизации“. Кина и Персија повторно воскреснуваат.

[понеделник, октомври 23, 2006]

Фасадна борба со идеи

Наместо вовед: Британскиот Home Secretary Џон Рид е поранешен комунист за што се кае; „другарче“ на Караџиќ ама и тоа не му е баш ќеф; а годинава му најдоа ганџа во домот.

Џон Рид е човек за сите функции: Државен Секретар на Шкотска, прв католик на истата функција во Северна Ирска, министер без ресор, па во здравството, одбраната, министер во Г8 и така натаму.

Рид деновиве беше актуелен со неговите идеи за пловечки затвори, бидејќи „копнените“ биле преполни со затвореници. Затоа, распиша тендер за бродови-затвори.

Но, рекциите на таа тема уште не стивнале, кога Рид повторно е во центар на вниманието на тема тероризам:

The Government needed to do much more to win the "battle of ideas". [Sunday Telegraph]


Или како што МакФакс ја пренесува веста, Рид повика на засилување на пропагандата.

Имено, британските власти лансираат програми за младите муслимани; како би ги одвлекле од Ал Каеда и би ги насочиле кон градење конструктивна иднина.

Сепак, мене самиот концепт на „нудење алтернатива“ ми е грд. Владата им пристапува на муслиманите од позиција на спасител; укажувајќи им што е добро, а што лошо; што е залудно, имајќи в предвид колку доверба ќе има младиот муслиман кога од околината е гледан како виновник за било каков фундаменталистички акт.

Оваа изјава дури може да се протолкува и ко „автогол“ (како што би рекол Жарко, а јас алудирам на Гебелс). Никако не го оправдувам исламскиот фундаментализам, но кога во моментов насекаде е присутно сатанизирање на муслиманите, втемелување на предрасудите, и засилување и на вистинската борба по улиците на Ирак и Афганистан, каде што во име на безбедноста на британските граѓани ќе гинат британските синови; и особено по бомбите лани, борбата со тероризмот не е само борба на војниците на мисиите на Блискиот исток; сега, тоа е и нивен домашен проблем.

Во моментов, Британија нема шанси да победи во борбата со идеи; муслиманите се значително ранливи и единствено што може да изроди „солењето памет што е добро а што не“ е аверзија и натамошен фундаментализам.

Решението, според мене, е практикување во реалност на таа „загриженост и солидарност“ (а не само памфлети). Треба што побрзо да премине кон процеси на интегрирање. Параноите и предрасудите треба да се остават на страна, само така ќе се победат. Не секој со чалма сака да рокне бомба, и не секој со брада киднапира деца. Наместо гетоизирање и изолација, еманципирање. Како што успеаа да скројат рамковен договор за Балканите, така треба да иновираат метод и за себе. Затоа што, колку е појака нетрпеливоста, толку понеизбежни се катастрофите; што не е во ничив интерес.

Џон Рид и ниму сличните, треба да се свестат, дека чалмосаните и брадосаните им се во домот; и дека таму ќе останат - со нив треба да се живее. Во моментов, во нивните очи тие се непријатели - треба да покажат, а не само да се декларираат дека тоа не се. Сите тие кампањи би биле во ред, кога навистина би биле искрени.

[недела, октомври 22, 2006]

Вилијам Годвин и основните концепти на Политичката праведност

Вилијам Годвин (1756 - 1836) е англиски писател, новинар и филозоф; автор чија политичка мисла, заснована пред се на човекољубието претставува сплотување на концептите на утилитиризмот со анти-државните тендеции; како таква претставува и основа за една подоцнежна (современа) идеологија и теорија, позната како анархизам.

[Тривиа: инаку, ќерката на Вилијам Годвин, Мери Годвин, подоцна Мери Шели, е авторка на романот Франкенштајн]

Во 1793, е објавен првиот дел од неговото повеќетомно капитално дело; испровоцирано од Француската револуција; насловено како Расправа за политичката праведност, и нејзиното влијание на општата доблест и среќа [Enquiry concerning Political Justice, and its Influence on General Virtue and Happiness].

Во продолжение следи т.н. Кусиот преглед на принципите (го има во оригинал на погорниот линк, ова подолу е мој превод), кој е еден вид предговор, воведник во Годвиновата филозофија на политичката праведност.


ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ПОЛИТИЧКАТА ПРАВЕДНОСТ

I.

Вистинската цел на моралната и политичката реч, е блаженството; или среќата.
Првенствен, односно најраниот вид на човекова благосостојба е сетилното задоволство.
По овие, човекот чувствува и второстепени задоволства, како што е блаженото умствено чувство, взаемното разбирање, и задоволствата од самосвесното делување.
Второстепените задоволства се веројатно попрефинети од првите; или, барем, најпожелната состојба за човека е онаа која му пружа пристап до сите изворишта на задоволство, и каде е разнолико среќен, непрекинато.
Ова е состојбата во која се наоѓаат вишите цивилизации.

II.

Најпожелната состојба за луѓето е општеството.
Неправедноста и насилсноста на луѓето во општеството предизвикаа потреба од власт.
Власта, беше наметната на човештината поради нивните бројни гревови, почивајќи на нивната глупост, нивните грешки.
Власта начелно требаше да излезе на мегдан со неправдата; а таа понуди нови прилики и искушенија за вршење неправедности.
Концентрирајќи ја в себе силината на заедницата, таа овозможува дивјаштво и таксирати, угнетување, деспотија, војна и поробување.
Преку втемелување и продлабочување на нееднаквостите; таа присвојува злокобни страсти; всадува нагони кај луѓето, да крадат и мамат.
Власта начелно требаше да ја сотре неправдата, но она што таа го стори е тоа што ја запечати непрвадата во човештината за век и веков.


III.

Неотповиклива цел на власта е сигурноста; безбедноста.
Средствата со кои власта се користи се рестрикција; ускратување на индивидуалната слобода.
Блаженството кое го нуди делувањето според самосвеста, заедно со гаењето на останатите задоволоства, нужно зависат од индивидуалнта слобода.
Без независноста човек не може да постане мудар, ниту корисен, ниту среќен.
Следствено, најпожелната состојба на човештината е онаа во која е воспоставена општата безбедност, но преку исклучиво најмалото можно чепкање по индивидуалната независност.


IV.

Вистинската норма која ги диригира односите на еден човек наспрам друг; е праведноста.
Правдата е принцип кој го нуди најголемиот збир на задоволства или среќа.
Правдата нужно бара „да се ставам на место на непристрасен набљудувач на човековите интереси, и да се оградам од било каква макар и ретроспективна склоност кон нештата“.
Правдата подразбира владеење на најдалекиот универзалитет, и препишува специфичен начин на делување, секогаш кога среќата на човековото битие може да биде засегната.


V.

Заповед е да се делува според капацитетот на личноста во поглед на општата корист.
Право е човек да го претполага сопствениот дел од добробитта која се стекнува при растеретувањето и помагањето на неговите соседи (во смислол на сограѓани).
Барањето на индивидуата треба да биде ил за напрегнувањето во корист на ил за попуштањето, правење отстапки кон соседите.
За ангажманот во општеството човека треба да биде дискретно ополномоштен; попустливоста е пак за во одредени случаи, при очебијна нужда, директна надлежност на политичкиот надзор, или власта.


VI.

Волевите дејствија на луѓето се раководени од нивните чувства.
Разумот не е независен принцип, и сам по себе нема тенденција да не` предизвика да дејствуваме; практично, тој не е ништо друго сем споредба на, и расудување за сопствените чувства.
Разумот, иако не не` предизвикува да дејствуваме, го регулира нашето однесување, водејќи се од споредената вредност која им ја припишува на различните други предизвикатели.
Водени од напредувањето на разумот, гледаме да си ја подобриме и (генералната) општествената состојба.


VII.

Разумот зависи од сопствената негова чистота и силина при „култивизирањето“ (обработката) на сознанијата.
Обемот на нашиот напредок во „култивизирањето“ на сознанијата е неограничен.
Од тука,
1. Човековите пронајдоци, и начинот на општествено битисување, се осетливи на иманентниот напредок.
2. Институциите кои им ја доверија вековитоста на било кој модул на размислување, или состојба на постоење, се погубни и штетни.


VIII.

Интелектуалната благосостојба и задоволствата од само-свесноста, заедно со правилното гаење на сите наши задоволства, ја детерминираат неповредливоста на меѓусебното разбирање.
Неповредливоста на разбирањето е неспоива со предрасудите: следствено, што помалку лаги треба да бидат спекулативно или практично усвоени меѓу луѓето.
Неповредливоста на меѓусебното разбирање е поврзана со слободата на побарување; следствено, упорноста треба да биде, колку што јавната безбедност ќе допушти, ослободена од ограничување.
Неповредливоста на меѓусебното разбирање е поврзана и со едноставноста на однесувањето, и успокојувањето на интелектуалното „култивизирање“: екстремно нееднаквата распределба на материјалното добро, е противник на најпосакувана состојба на човекот.

Линкови:
Годвин на анархистичките архиви
Википедија [ en | fr | de ]
Гутенберг
Годвин на утилитаристичките архиви

[петок, октомври 06, 2006]

Георги Шејтанов

Ако нашият път към светлината и свободата е лош, нека ни осъдят пазителите на закона; ако този път е истината на живота, тя ще ги изобличи, защото те я осъдиха. Ще се надигнат сенките на паднали предтечи в траурно шествие от единия до другия край на света; истината ще застане като съдник над окървавената съвест на всички палачи и няма да се върнат в гробовете си мъртвите, докато не станат живите.



Можеби најзначајниот бугарски анархист, Георги Шейтанов е роден во Јамбол, Бугарија во 1896. Бил одличен и перспективен ученик во Јамболската гимназија (член на тамошниот литературен округ), но од мали нозе бил пргав и бунтовен. Можеби и затоа уште како адолесцент се ореинтирал кон анархизмот. Веќе на 17-годишна возраст започнува со радикални дејства: ги пали судските архиви; потоа оди во затвор од каде што бега и мора во егзил - на 18 години веќе се наоѓа во Париз.

Таму се среќава со други (бугарски) анархисти; како најзнаечаен од нив биографите го споменуваат Варбан Килифарски (?! мене непознат).

Во Бугарија се враќа во 1914, продолжувајќи со револуционерните активности. Повторно е фатен и малтретиран од полицијата; и повторно врши бегствово периодот 1917-1918; се споменува како единствениот бугарски револуционер кој по стартот на Октомвриската Револуција се упатува кон Русија - преправен како војник.

Во Москва стапува во контакт со многу марксисти и бољшевијци, и добива за задача да го приготви изданието на Речникот на револуцијата на бугарски. Се спријателува со руските анархисти и станува свесен за всушност контра-револуционерната улога на Бољшевијците (и доживува големо разочарување).

По кусо време одлучува повторно да се врати во Бугарија поради новонастанатата ситуација која е во полза на револуцијата (колапсот на фронтот и незадоволството кај војниците). Минувајќи низ Украина, запаѓа во рацете на Белата Гарда, при што врши бегство од сопственото стрелање; лице в лице со стрелачкиот вод!

По враќањето во Бугарија, се поврзува со анархистите. Ги издава „Писмо до анархистите“ и „Манифестот на Револуционерите“.

Учествува во многу вооружени антидржавни акции, при што повторно е фаќан и затваран; два пати успева да изврши спектакуларни бегства. Јавно пројавува незадоволство и ја критикува герилската тактика на Движењето, како неадекватна на состојбите во Бугарија. Неговите заложби се усмерени кон создавање на гломазна организација и воопшто активирање на масите; неговите идеи се создавање на заеднички фронт на анархистите, комунистите, земјоделците, работниците, беспартијците итн. Како талентиран и харизматичен пропагандист, оратор и поет, успеал да влијае врз многумина.

Учествува во акцијата за ослободување на познатиот анархист Петар Мазнев од затвор; при која заробени се и неколку полицајци. Полицајците се ослободени откако биле приморани да ветат дека по пуштањето ќе ги напуштат работните места - и сите до еден стоеја на зборот! Мазнев подоцна умира од туберколоза. Неговиот закоп е добра прилика за организирање на масовни анархистички демонстрации, при што Шејтанов одржува легендарен говор, кој понатаму го стимулира напредокот и распространувањето на анархистичкото движење.

Шејтанов пишува во „Свободно общество“ - теорискиот билтен на Анархо-комунистичката Федерација, како и во „Пламък“, влијателно списание. Го уредува и издава револуционерниот весник „Акратија“ во преиодот 1924-1925, кој излегува само три пати.

Во 1923 се случува превратот во Софија Килифаревското народно востание (против Стамболиски и деспотијата над земјоделците, учество земаат околу 35.000 луѓе). Гневот на полицијата се навртува кон Шејтанов и пратени се неколку одреди со задача да го фатат. Поради тоа, целата герила итно се обединува за негова заштита, но подоцна мора да се расформираат.

Сепак, Шејтанов не мирува - откако за кусо време пак се активира во Килифаревските чети, се упатува кон Софија, каде што со Васил Икономов се соучесници на Петар Абаџиев во атентатот над Никола Милев на 25-ти февруари 1925 година. Тоа е причината и Ванчо Михајлов да тргне по главата на Шејтанов.

На 14 април 1925 убиен е бугарскиот генерал Константин Георгиев од страна на комунистите. На 16 април се одржува неговиот закоп во црквата Св. Недела во Софија - кога се случува тогаш најкрвавиот терористички акт за кој светот знаел и накрвавиот настан во историјата на Бугарија! Главната намера е да се убијат сите припадници на државниот врв, вклучително и Царот Борис Трети. Настанот е планиран цела година; треба да предизвика пресврт; главен оперативец повторно е Петар Абаџиев. Експлодираат 25 кила динамит детонирани од Никола Петров. Гинат повеќе од 150 лица, уште 500 се повредени! Царот Борис не е присутен на погребот; сите владини членови преживуваат; но убиени се неколку генерали. Веднаш се прогласува воена диктатура, и започнува прогонот на комунистите; анархистите; револуцинерите.. многумина се фатени, убиени, затворени, некои успеваат да пребегаат во Југославија или СССР..

На 26ти мај 1925, Георги Шејтанов и Мариола Сиракова (и неговата чета) се во Килифарево и се решаваат да тргнат кон турската граница - кај Нова Загора се фатени во заседа и подоцна убиени. За смртта на Шејтанов постојат две верзии. Едната е дека бил егзекутиран во Пловдивско, од страна на полицијата. Другата е дека бил предаден на Михајловистите, и одведен во Благоевград, каде му било судено заради соработката со Димо Хаџи Димов и убиството на Никола Милев; и токму Врховистите го ликвидирале.

По Втората светска војна, Комунистите го промовираат Шејтанов како херој; именувани се улици и училишта по него; во Јамбол му е подигнат и споменик. Сепак, тоа не ги спречи да ги прогонуваат преживеаните негови соборци, убивајќи ги или праќајќи ги по затвори!

Преведено од статијата на Nick Heath; проширено со детали од статијата на Бугарскиот анархистички портал.

* * * * *

Последната песна на Шејтанов, напишана на 28 мај 1925, во заточеништво во Нова Загора. При „транспортот“, се претпоставува дека затвореникот кому Георги му ја дал песната, ја оштетил опаковката од цигари на која била песната пишаната, па затоа возможно е да имало и грешки во преписот подоцна.

Нелегален

Сред гол Балкан, обсипан с камънаци,
На самотник чух отчаяния вик, окъсан,
Проснат в диви буреняци, скрит вглеждах се
в страшния му лик, по небето черни
облаци се носят,
вихри вият по Балкана, наоколо пустота, мъгла
и здрач и всичко носи се зловещо надалеч
(като великан)

Безпокоен с тъга чух лютата му реч -
на стенание и сълзи, на мъки и тегла,
на изгубени мечти, за разбита свобода бездушни
твари на земята тирани - управници,
злорадни и жестоки егоисти и вий палачи,
формените кукли и чернокапци, търтеи народни

А вий, прост народ без разум,
робство що търпите, кой без жал безумно
един друг се бийте и над властта двулично
вий мълчите кат животни, в хомот.
О! Дай ми сили!
О! природо, народ, стихия на човешки глас,
Да мога да разбия на адския живот
безсмислено теглото.

Линкови во врска со Шејтанов: поезија | публицистика | фотографии