Вуна 2
the expansion of Blog
[недела, декември 17, 2006]
[четврток, ноември 23, 2006]
Информатичко општество
Минатата недела присуствував на Е-society. Океј, тоа и не е толку битно за овој пост, но ми дојде на памет да го искористам тој настан како повод за да поддржам една идеја...
МИТ - не како фамозниот институт :) туку како Министерство за ИТ (званично нека биде и „информатичко општество“, не ми смета) на Македонија
Зошто? Накусо, неопходно е. Малку поопширно:
МИТ - не како фамозниот институт :) туку како Министерство за ИТ (званично нека биде и „информатичко општество“, не ми смета) на Македонија
Зошто? Накусо, неопходно е. Малку поопширно:
- Македонија веќе се профилира како „првата безжична земја“ во светот.. а што ќе ни форма, без содржина.
- Во моментов, ИТ развојот е на ниско ниво. Ама имаме значителен потенцијал. Националната стратегија сама по себе не е доволна - мора некој да ја спроведе.
- Таквото Министерство ќе значи и директна одговорност на државата за нејзиното делување.
- Многуте „раштракани“ експерти ќе ги обединат знаењата околу таа стратегија - дали преку поголеми проекти, дали институционално во самото Министерство, не е толку важно.
- Ќе се сихронизираат интересите и начинот на делување.
- Таквото Министерство ќе повлече коренити промени во самата Влада и воопшто, државните институции. Не е доволно само развивањето на ИТ во цивилниот сектор...
- Неколку поситни странични ефекти.